Сирискиот воен пилот кој се урна пронајден од турските власти
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Турција го најде пилотот на борбениот авион на сириските владидни сили, што вчера се урна на нејзина територија, во близина на заедничката граница.
Пилотот е сместен во болница, јави агенцијата Анадолија, цитирана од ДПА, повикувајќи се на валијата на провинцијата Хатај.
Исламистичката група „Ахрар аш Шам“ тврди дека го соборила авионот за кој се претпоставува дека е „МиГ-21“. Авионот, според бунтовниците, изведувал бомбардирања во провинцијата Идлиб, но, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, забележува дека засега не е јасно дали авионот се урнал заради технички проблем или бил соборен.
Агенцијата Анадолија соопшти дека пилотот успеал да го употреби својот падобран и безбедно да се приземји. Тој бил најден по деветчасовна потрага од страна на екипи на турските сили за безбедност и веднаш бил хоспитализиран во локалната болница.