28 Април, 2024
0.0263

Сите ќе трпиме поради Сирија

Објавено во: Свет 02 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Растот на светската економија може да успори поради ширење на кризата во Сирија, бидејки ќе се покачи и цената на нафтата. Додека бизнисмените и потрошувачите пак би можеле да ги намалат своите расходи, пишува американскиот Вол стрит журнал. Според компанијата ЈП Морган десетпроцентното поскапување на нафатата во последните три месеци може да влијае на падот на глобалниот бруто домашен производ за 0,3 отсто, сметано на годишно ниво. Очекувањата на почетокот на воеините интервенции на САД врз Сирија, веќе ги потурна цените на нафтата во текот на минатите седмици на повеќе од 110 долари за барел, што е највисоко ниво за минатите две години. Според наводите воените акции на САД на Блискиот исток до сега обично имале последици врз нестабилноста на пазарот. Поради што цените на нафтата секогаш растеле пред било која таква операција, пишува Вол стрит журнал. По завршувањето на воената интервенција стравот на инвеститорите ќе спласне, поради што нафтата поевтинува и тоа делува стимулативно на глобалната економија, тврди ВСЖ. Сепак овој пат според проценките на списанието периодот на нестабилност ќе се протегне, откако Обама одлучи за најавената воена интервенција против Сирија да побара одобрение од американскиот конгрес кој по летната пауза ќе се собере на 9-ти септември. Доза на неизвесност на финансискиот пазар постои и поради претстојните парламентарни избори во Германија, бидејки веднаш по нив ќе биде јасно како понатаму ќе се решава должничката криза во еврозоната, вклучувајки ја и доплонителната помош за презадолжената Грција, наведуваат аналитичарите на кои се повикува ВСЖ.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД