29 Април, 2024
0.0264

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО НИВ: Што може да очекува светот од најважната дипломатска средба-Трамп-Си Џинпин?

Објавено во: Свет 06 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Кинескиот претседател Си Дзинпин ќе гостува денес и утре кај американскиот државен шеф Доналд Трамп, кој за време на предизборната кампања упати остри критики кон Кина дека украла милиони работни места од САД.

Двајцата лидери ќе вечераат во резиденцијата на Трамп Мар-а-Лаго во Флорида, а за утре се предвидени низа средби. Малку информации за програмата на посетата на Си Џинпин им се дадени на медиумите. Во секој случај се очекува разговорите меѓу раководителите на двете најголеми економски сили во светот да бидат „многу тешки“, забележува AFP.

Магнатот на недвижностите не се двоумеше за време на кампањата да ја издигне Кина како главен ривал на САД, особено во сферата на меѓународната трговија. Освен тоа Трамп го обвини Пекинг дека манипулира со националната валута.

Друго болно прашање, кое се очекува да биде покренато на средбата под палмите во Флорида, е трговијата. Трамп сака да влијае на чувствителната тема за дефицитот на САД со Кина, во вредност од речиси 350 милијарди долари во 2016 година.

Средбата на Доналд Трамп со кинескиот колега Си Дзинпин е најважниот дипломатски контакт кој ќе биде утврден од американскиот претседател по преземањето на функцијата. Дводневните преговори во Мар-а-Лаго започнаа денеска а ќе се тест дали двајцата мажи - непредвидливиот почетник во политиката Трамп и тешкиот искусен лидер Си Џинпин - можат да управуваат со ефикасно најважната билатерална врска на светот.

Со откажувањето од меѓународниот договор за климатските промени, со откажувањето од ориентираниот трговски договор кон Азија и со повикот за намалување на финансирањето на ОН, Трамп веќе го отстапи лидерството во клучните сфери на Си Дзинпин кој сака да ја зголеми улогата на Пекинг на светска сила и сè понапорно ја позиционира земјата како ривал на САД. Ќе биде катастрофално за Америка и светот, ако Трамп продолжи по овој пат на истовар од обврски, пишува американското издание Њујорк тајмс во уредувачката статија, цитирана од светските агенции.

Има причина за загриженост дека Трамп не е подготвен да ја започне можеби најважната врска со странска земја во своето владеење. 

Опасноста е дека Трамп, слично како државниот секретар Рекс Тилерсон за време на неодамнешната посета во Пекинг, може да се подведе на визијата на Кина за "нова форма на односи меѓу големите сили“, додава весникот.

Трамп ја утврди Северна Кореја како најважниоит проблем на националната безбедност, откако неговиот претходник Барак Обама го предупреди дека Пјонгјанг напредува во спроведувањето на својата цел да се здобие со нуклеарна ракета, способна да ги порази САД, пишува во Financial Times.

Тој изјави пред британското издание дека ќе го повика Си Џинпин да покаже повеќе притисок врз Северна Кореја да ја запре својата нуклеарна програма и дека е подготвен да дејствува еднострано, ако тоа не се случи. Американски официјален претставник изјави дека одговорот на кинескиот претседател ќе биде "во извесна смисла тест за односите" меѓу Вашингтон и Пекинг.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД