07 Ноември, 2024
0.0579

СЈО побара изземање на судијата за случајот „Трезор“, Судот смета дека ова е преседан

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува во случајот „Трезор“ од причини наведени во записник дадени пред судијата на претходна постапка. Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд, се жалат од оттаму.  

- Претседателот на Основен суд Скопје 1  - Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот  не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства, велат од Кривичниот суд.

Во однос на предлогот за определување на мерка притвор, по донесувањето на одлуката на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнотелно информирана, дополнуваат од Судот во своето соопштение.

Специјалното јавно обвинителство отвори истрага по сомнение за проневера на вкупно 862.045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење.

Поранешните шефови на УБК и на Петтата управа, Сашо Мијалков и Горан Грујовски, помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Небојша Стајковиќ, како и бившиот шеф на кабинетот на директорот на УБК, Тони Јакимовски, се осомничени од СЈО за новиот случај.


Можеби ќе ве интересира

„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател

„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите

„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите

ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

Судскиот совет ја избра Анита Јораданова за в.д. претседател на ОС Берово - претходно ја избра за апелационен судија

Судскиот совет ја избра Анита Јораданова за в.д. претседател на ОС Берово - претходно ја избра за апелационен судија

„ВРЕМЕ Е ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ДА ГО НАУЧИ ДЕЛОВНИКОТ“: Град Скопје со остра реакција

„ВРЕМЕ Е ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ДА ГО НАУЧИ ДЕЛОВНИКОТ“: Град Скопје со остра реакција

НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава

НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава