22 Декември, 2024
0.0146

СЈО тврди едно, Катастарот друго – Колку соработуваат овие две институции?

Објавено во: 02 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска од Агенцијата за катастар на недвижности реагираат на соопштението на Специјалното јавно обвинителство дека не сакаат да соработуваат.

Оттаму тврдат дека на се што побарало Специјалното јавно обвинителство одговориле согласно со позитивните законски прописи.

Од Катастарот при оваа прилика соопштуваат дека податоците  се јавно достапни 24 часа онлајн, преку веб-страницата www.katastar.gov.mk и преку електронскиот шалтер на Агенцијата и секој заинтересиран граѓанин или институција во секое време може да направи увид и да побара препис од сите документи со кои располага Катастарот.

Претходно денеска СЈО соопшти дека неколку институции одбиваат соработка со ова Јавно обвинителство првенствено споменувајќи ги Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за безбедност и контраразузнавање, односно Одделот за оперативно техничка поддршка (познат како петта управа), Единицата за заштита на сведоци при МВР, Општина Битола, одредени Министерства, а на оваа листа се надоврзуваат и Управниот суд, Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.