Скандинавија се вооружува по нападот во Стокхолм
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Полицијата во Норвешка во големите градови и во Осло на аеродромите и понатаму ќе носи оружје, по нападот кој се случи во Стокхолм.
Полицајците во Норвешка која се граничи со Шведска обично не носат оружје, потсетува Ројтерс.
Во Финска, полициското присуство е засилено во главниот град Хелсинки.
Во напад со камион во Стокхолм денеска загинаа неколку луѓе, а градот е блокиран. Станува збор за терористички чин.