СКОК НА ЦЕНИТЕ: Поскапеле угостителските услуги во земјава
Објавено во: Економија 05 Март, 2020
Угостителските услуги во земјава се поскапи за 0,2 отсто.
Oва може да се види од статистичките податоци.
Цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец имаат раст од 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Зголемувањето е во групите храна за 0,4 отсто, алкохолни пијалаци за 0,7 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто, а во групата ноќевања е забележано намалување за 0,4 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на истиот месец од лани, е зголемен за 0,1 отсто.