СКОПЈАНИ СЕ ТЕПАЛЕ ВО МАВРОВО: Маж и жена ја демолирале викендичката во која биле сместени
Објавено во: Македонија 02 Март, 2020
Сопружници од Скопје се тепале, при што си нанеле повреди и направиле материјална штета на изнајмена викендица во Маврово.
Во полиција вчера претпладне е пријавено дека во викендицата во која престојувале, двајца сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години ја оштетиле внатрешноста. По увидот е утврдено дека сопружниците претходно се степале и си нанеле повеќе телесни повреди.
Тие се задржани во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.