„Скопје 2014“ ќе може да се разгледува со електромобили
Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2013
На седницата на Советот на Град Скопје вчера беше донесена одлука, градот да купи десет електромобили, со кои граѓаните и туристите ќе го шетаат центарот на Скопје.
Оваа идеја е во рамки на проектот „Скопје 2014“, и според замислата на Град Скопје, новите електромобили ќе им овозможи на скопјани и на туристите да ги разгледаат новите градби и споменици во центарот на градот.