06 Мај, 2024
0.0236

Skopje City Mall месецов Ве носи на најатрактивните настани и концерти!

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall, е активен покровител и помагател на многу настани од културен, спортски и хуманитарен карактер. Овој месец имаат склучено соработка со најдобрите продукции и институции за неколку настани меѓу кои и Мајските оперски вечери, EXIT Фестивалот, концертот на ДНК, како и концертот на светски популарната виолинистка Ванеса Меј.

Трговскиот центарво соработка со Македонска опера и балет за овогодинешните Мајски оперски вечери, на приземјето во Skopje City Mall изложи костими од оперите “Хофманови Приказни”, “Клеопатра” и “Турандот“, како и од мјузиклот “Тајно моја” кои се вистинска атракцијa, а воедно претставуваат и интересен начин преку кој им се доближува операта на посетителите.

Како поддржувачи на EXIT Фестивалот, од Skopje City Mall најавуваат одлична игра која ќе биде во знакот на љубовта, а за повеќе информации и следни активности ги повикуваат посетителите да ги следат на социјалните медиуми.

“Нашата идеја е да ги потпомагаме настаните за кои посетителите пројавуваат голема заинтересираност. По повод јубилејот 5 години постоење на Skopje City Mall, за овој месец склучивме соработка со најдобрите продукции и институции, покровителство за концертот на ДНК, помагатели на Македонска опера и балет за овогодинешните Мајски оперски вечери, поддржувачи на концертот на Ванеса Меј и одлична соработка и заедничка акција со EXIT Фестивалот. На овој начин сакаме да изразиме огромна благодарност до сите за милионските посети на нашиот трговски центар за овие 5 години.” - изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Британската мега популарна виолинистка Ванеса Меј за прв пат доаѓа во Македонија, каде ќе се претстави пред публиката во Вип Арена „Борис Трајковски“ на 15 мај 2017 година во Скопје. Skopje City Mall во соработка со Прагма продукција креираа интересна игра “Засвири на виолина и освој билети“, преку која ќе доделуваат бесплатни билети за претстојниот концерт на виолинистката.

За учество во играта потребно е да се регистрирате на i@skopjecitymall.mk со испраќање на Вашето име, презиме, возраст и телефонски контакт. Наградната игра ќе се реализира утре (13.05.2017), во 12 часот во Skopje City Mall, каде на регистрираните натпреварувачи ќе им биде доделена задача да отсвират ноти. Жири комисијата ќе ги оцени 5-те најдобри изведби и ќе им додели по 2 билети на изведувачите.

Skopje City Mall ги повикува сите заинтересирани кои знаат да свират на виолина и сакаат да освојат билети, да се пријават и да го следат Skopje City Mall на социјалните медиуми каде ќе се проследуваат сите информации и активности, како и начините на доделување на билетите. 

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“