05 Мај, 2024
0.0241

Скопје Мериот хотел организира прв Plogging за џогирање и собирање отпадоци на Кејот на Вардар

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Скопје Мериот хотел во соработка со амбасадата на Шведска, на 27 октомври (сабота) со почеток во 11 часот, на кејот на реката Вардар, со почетна точка од градскиот плоштад во Скопје, ќе организира Plogging event, настан наменет за вработените во хотелот, но и за пошироката јавност, на кој сите оние кои се грижат за своето здравје и за природата ќе можат да џогираат или да пешачат и притоа да собираат отпадоци, придонесувајќи за заштита на животната средина.

Ова ќе биде прв Plogging настан организиран од страна на Скопје Мериот хотел во Македонија, а идејата е тој во иднина да стане традиционален и да се организира еднаш месечно, на различни локации.


Plogging како иницијатива за прв пат се појави во Шведска во 2016 година и од тогаш масовно се шири насекаде во светот поради зголемената загриженост за загадувањето на природата со пластични отпадоци. Тој претставува комбинација од џогирање и собирање ѓубре (од шведски plocka upp) и како тренинг обезбедува варијација на трчање и виткање на телото со наведнување и истегнување, така што има двојна функција – обезбедува физичка активност и истовремено придонесува за намалување на загадувањето на природата со отпадоци. Фитнес експертите имаат пресметано дека со половина час џогирање и собирање ѓубре кај просечниот човек се согоруваат 288 калории, додека само со џогирање се трошат 235 калории.


„Plogging денес е масовно распространет во светот и веќе насекаде можат да се сретнат луѓе кои џогираат и со себе носат ќеси и собираат отпадоци. Во земјите од Скандинавија, во Германија, САД и многу други земји се формирани и групи за plogging кои заедно џогираат и собираат пластични шишиња и други отпадоци. Се надеваме дека настанот кој го организира Скопје Мериот хотел ќе стане традиционален и дека истовремено ќе влијае на подигање на свеста во Македонија за значењето на здравите навики и грижата за животната средина, односно дека ќе биде поттик plogging да стане секојдневие и во Македонија”, велат од Скопје Мериот хотел.


Учесниците на првиот Plogging event кој го организира Скопје Мериот хотел ќе џогираат 2,1 километар во еден правец, или 4,2 километри во двата правци и ќе бидат предводени од Ивица Трајковски, персонален фитнес инструктор во Мериот кој е истовремено и Take Care Champion. Take Care инаку е глобална иницијатива на групацијата Marriott наменета за вработените со која се обезбедува високо ниво на култура и свест на вработените, што се обезбедува со почитување на трите столба – грижа за себе, за оние со кои си во непосреден контакт, како и за сите во целина, со што се придонесува за добросостојба на вработените, за поголема сплотеност на колективот и за подобри бизнис перформанси на компанијата.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото