12 Мај, 2024
0.0291

Скопје смарт сити – паметен,поврзан и чист град

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Поголема функционалност, поврзаност и подобра животна средина преку користење нови технологии е главниот фокус на технолошкиот форум  „Скопје смарт сити –паметен, поврзан и чист град“, во организација на Ротари клубот Скопје - Инетрнационал, што ќе се одржи денес, со почеток во 18.00 часот, во хотел ТЦЦ Гранд Плаза – Скопје.

Во рамките на форумот ќе се презентираат новите можности за користење на сензори преку кои ќе се овозможи размена на податоци помеѓу бизнисот, граѓаните, институциите и универзитетите, со цел полесно управување на ресурсите и подигнување на квалитетот на живот во Скопје.

Главна цел на коференцијата е и презентирање на платформата „The Things Network” која е лесно достапна и ефтина и ќе овозможи размена на податоци и создавање на нови паметни апликации во градот Скопје.

„Новите технологии и научни достигнувања се значајни само доколку дадат конкретен бенефит во секојдневниот живот на луѓето и додадат нова дополнителна вредност. Нашата цел е да дадеме придонес и да потикнеме дискусија со која ќе отвориме нови можности за искористување на новите технологии и осовременување на секојдневниот живот, следејќи ги навиките на модерниот човек“, истакна Владимир Крстиќ, претседател на Ротари клубот Скопје - Инетрнационал.

На конференцијата ќе зборуваат д-р Игор Мишовски, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, чие излагање ќе биде на тема „Поврзано и паметно Скопје – спрега помеѓу стартапите, бизнис секторот, универзитетите, владата и граѓаните“.

Паметни градови – предизвици и можности“ е темата на која ќе зборува д-р Мирослав Котевски, сопственик на компанијата М2К ИЦТ&консалтинг и професор на Балканскиот универзитет во Скопје, Факултет за инжењерство.

Ротари клубот Скопје - Инетрнационал преку своите активности се залага за креирање на нови можности за млади, талентирани кадри. Во насока на оваа определба, на Технолошкиот форум ќе зборуваат и Кирил Зелениковски и Филип Каранфиловски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжењерство, кои во текот на студиите покажуваат извонредни резултати и се вклучени во различни проекти. Каранфиловски и Зелениковски ќе зборуваат на една од најважните теми во урбаното живеење „Мрежа за управување на отпад со користење на Riemann Garbage Bin“.


Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?