26 Април, 2024
0.0282

Скопје викендов беше домаќин на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“, Металург и КЛ7 први лауреати

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Викендов што е зад нас се одржа првиот меѓународен турнир за млади категории "КЛ7 2020", чии домаќин и организатор беше ракометниот клуб КЛ7. На истиот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.

Во салата „Арихиепископ Доситеј“ во  Општина Кисела Вода беа присутни дел од најдобрите од ракометот во младински категории во Македонија, клубови кои работат во создавање на играчи од кои еден ден некои од нив ќе бидат носители на националниот дрес.Неколкумина од учесниците на турнирот веќе се наши репрезентативци, што е сонот на секој ракометар, да се биде дел од татковинската ракометна армија на терен. Турнирот беше добра можност да се види кој како напредува, работи, да се спроведат практично и да се споредат "изучените лекции" . Се одиграа 12 натпревари, систем секој со секого во групата, со што се стигна до најуспешните .

Генерација 2004 го имаше следниот редослед :

1. РК Металург 2. РК КЛ7 3 РК Вардар

Најдобар голман: Иван Галевски (РК КЛ7)

Најдобар стрелец: Славчо Шулески (РК КЛ7)

Најдобар играч: Андреј Стојановски (РК Металург).

Генерација 2002 и помали го имаше следниот распоред:

1. РК КЛ7

2. РК Металург

3.РК ПИК Сегед (Унгарија)

Најдобар голман: Марк Бицок (РК ПИК Сегед),

Најдобар стрелец: Емилијан Ѓорговски (РК КЛ7),

Најдобар играч: Стефан Додиќ (РК Металург).

Најдобрите добија плакети кои им беа доделени од страна на менаџментот на РК КЛ7 и КМГ Спорт агенција, на која и припадна задачата логистички да го реализира турнирот.Признанијата на најуспешните голмани им ги врачи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, а на најдобрите стрелци, Кирил Лазаров.



Можеби ќе ве интересира

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум