08 Мај, 2024
0.0256

Слабиот рејтинг ќе го закочи Ципрас за компромисно решение?

Објавено во: Балкан 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас заостанува во рејтингот на последните анкети на јавното мислење во Грција зад Андонис Самарас кој сега е лидер на Нова Демократија, најголемата опозициска грчка партија.

Со заостанување на Сириза на анкетите можно е грчката влада да застане поцврсто на црвените грчки линии и да одбие посериозен компромис кој би довел до достоинствено решение на спорот за името со Република Македонија.

Сспоред анкетата на агенцијата „Пулс“, изработена за грчката телевизија „Скај“, доколку сега се одржат избори во грчкиот Парламент ќе влезат пат партии, меѓу кои не е сегашниот коалициски партнер на СИРИЗА во Владата, партијата Независни Грци, која не би го добила потребниот број гласови за минување на изборниот цензус.

Резултатите велат дека Нова демократија ужива поддршка на 28,5 отсто од граѓаните, а СИРИЗА  на 19,5 проценти. Изборниот праг би го минале уште и левоцентристичкото Движење за промена со поддршка од 8 отсто, екстремно десничарската Златна зора со 7.5 проценти и Комунистичката партија на Грција за која би гласале 5.5 отсто од анкетираните.

На овие анкети видливо е дека грчката десница има вкупно поголема поддршка од левицата што и дава на Нова демократија поголеми шанси да победи на парламентарни избори и да формира влада.

Токму таквиот притисок може да фрли сенка врз легитимитетот на премиерот Алексис Ципрас кој изрази подготвеност конечно да го реши спорот за името со Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово