Славчо Попоски најавува обилни врнежи од дожд
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023
Метеорологот Славчо Попоски најавува поинтензивни врнежи од дожд во Македонија.
До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.
„Температурите остануваат пролетни и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени. Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите поинтензивни ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в)“, вели Попоски.
Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.
Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и пролетно топло време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.