28 Април, 2024
0.0288

Службен весник вели дека одговорноста е кај Талат Џафери, не кај нив

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

„Службен весник“ по објавувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Преспанскиот договор без потпис на указот од страна на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, вели дека одговорноста не е кај нив.

Овие два акта стапуваат на сила со нивното службено објавување, а денеска од јавното претпријатие велат дека тие само технички и законски мораат да го послушаат оној кој им го испраќа тоа, во случајот собранискиот спикер Талат Џафери.

„Службен весник“ денеска се огласи откако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ му се заканија на директорот дека за такво дело кога-тогаш се одговара кривично.

„Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република Македонија (Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од 8 (осум) дена од денот на нивното донесување). Согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели дека „Секој е должен да го почитува Уставот и законите“ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска. ЈП „Службен весник на Република Македонија“ е професионално јавно претпријатие и нема да дозволи мешање на политиката во неговото работење и нарушување на неговиот углед“, соопштија од службата.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ упати предупредување до директорот Мартин Костовски дека за такво дело може да заврши в затвор.

“Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани. Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце