29 Април, 2024
0.0262

СМЕШНАТА СТРАНА НА МЕРКИТЕ - Криеш гости, ааа? Во Пехчево ќе се соберат четворица само ако им дојдат гости од Берово

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ситуацијата не е за смеење воопшто, но сепак, најновите владини мерки за спречување на ширењето на ковид 19, ја предизвикаа и комичната страна и креативноста кај луцидните млади луѓе, комичарите и инфлуенсерите, кои на социјалните мрежи шират безброј шеги и досетки поврзани со мерките. 

Како што е познато, министерот за здравство, Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести донесоа препораки за дополнителни рестриктивни мерки со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот, како што се забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други. Се забранува и групирање на јавен простор после 22.00 часот на повеќе од четири луѓе, а забрането е и групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани.

Една од шегите е следнава:

903 - та : Криеш комити, ааа?
1941 - ва: Криеш партизани, ааа?
2020 - та: Криеш гости, аха?

Друага досетка, пак, гласи вака: 

Забрана за повеќе од 4 гости дома." Значи не може кај кумот со сите деца да одам

Ина Многуфина, пак, објави досетка во пресрет на славите кои се наближуваат во овој период од годината.

„Да Жане да, многу лошо по четворица... нешто најмногу што сум мразела е да двојам луѓе и еве сега...да...да...не...да...а нема нема, нема слава годинава, ние најблиски ќе се собереме тоа е...да...да...зборевме со Баже мој, ќе дојдете вие двајца и кумовите. Ќе направам од тоа гравчето, малку сарми...да..не може без сарми Жане...погача, ајварот...да. Вториот ден ќе дојдат старосватовите и брат ми со Ането. Сармички, гравче, салатичка, погача...да, парено колаче, добро ти текна. Третиот ден ми се колешките од архива и Габи од кај генералниот. Ордеверче некое, кикирики ќе испечам така ќе поминеме, сармички...Четвртиот ден ми се мајките од Вибер групата на Клементина ние што се дружиме вака понормални што сме што пишуваме секој ден во групата, другиве не ни отвараат ама ние богами си пишуваме цело време, посветени сме на децата другите они си знаат...Петтиот ден ми се комшиите од старата зграда, ние што си живеевме ејјј што убаво беше, па ќе направам пак гравче за нив и сарми, ептен си живеевме ние абе врата не заклучувавме...Шестиот ден ќе ги викнам брат му на Баже со таа улаата, златна жена остави за неа ама ајде ради Баже мора да ги викнам, нив ќе ги послужам со тоа што ќе остане. И толку Жане, нема да собираме гости, нема нема слава годинава таква е ситуацијата сега тоа е ќе се почитува нема тука што...не можеме ни да си пуштиме музика, ете до пеесетипет децимали може само...да да само здравје, само здравје...да Жане да...“, стои впо објавата на Ина Многуфина.

Една од шегите, пак, се однесува на помалите градови во земјава, со помал број жители.

„У Пехчево ќе се соберат четворица ако им дојдат гости од Берово“.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце