Снегот ја парализира Грција
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2017
Првите снежни врнежи во Грција предизвикаа застој на aвтопатот, а стотици автомобили беа блокирани со часови, објави телевизискиот канал ЕРТ.
Снегот почнал да врне синоќа, кога илјадници Грци заминуваа на Божиќен одмор.
На автопатот Атина-Ламија имало сообраќаен метеж од 15 км а машините стоеле на патот околу 8 часа.
Во континентална Грција - во Коринт, Ахаја, Аркадија и многу други области, се предупредуваат возачите да постават синџири, а во планинските области движењето е укинато. Во некои места, полицијата го забрани движењето на тешки камиони.
Во градскиот регион Атика беше запрено движењето во планините Парнита и Пентели, како и на стариот национален автопат Атина-Теба од гратчето Вилија. Поради бура е забрането движењето на бродови од пристаништата Рафина и Лаврио, а од Пиреја нема да има бродови за Кикладски острови.