06 Мај, 2024
0.0259

Со бодови против слаборегулираната пазарна анархија

Објавено во: Економија 06 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Кина моментално работи на воведување и имплементација на еден нов и иновативен пристап на надгледување, оценување и регулација на однесувањето и постапките на учесниците на пазарот. Се работи за општествено бодување (social credit sistem) кое значително ќе делува на однесувањето на индивидуалецот, компанијата и на некои други институции, како на пример невладините организации.

Главна мотивација која што стои зад овој проект е поуспешно и поделотворно раководење и согледување на однесувањето на секој учесник на пазарот. Бодувањето ќе се врши на четири нивоа - чесноста кон државата, работниот интегритет, интегритетот во општеството и судскиот кредибилитет. Целта на оваа иницијатива е подигање на свеста за интегритетот и кредибилитетот на едно општество, а се јави како резултат на недовербата која што постои на кинескиот пазар. Во процесот на бодување ќе учествуваат како домашни, така и странски компании кои тргуваат на кинеското пазарно подрачје. Ова би требало да функционира како еден механизам за регулација на пазарот, а целта е да се почитуваат правилата и законите.

Компаниите ќе имаат помалку бодови доколку не ги исплаќаат своите кредити навреме, ако не обезбедат поволни услови за работа и сигурност на работниците, доколку навреме не ги испорачуваат производите кои биле нарачани преку интернет и слично. Компаниите со повеќе бодови ќе имаат бенефиции како: подобри услови за да подигнат кредит, пониски даноци и можности за кофинансирање од страна на државата.

Мислењето на јавноста во врска со ова бодување и „осуда на неподобните“ е сепак поделено. Некои веруваат дека ова е многу потребно за Кина и дека доброто однесување сепак треба да се награди, а лошото да се казни. Добро е тоа што конечно ќе може да се контролира огромната, анархична и слабо регулирана пазарна економија. Поконкретно, ќе бидат казнувани компаниите кои продаваат отровна храна и лекови со невистинита декларација.

- Неморалот е се почест и оние кои го шират и не се однесуваат чесно мора да ја платат цената за таковото однесување, смета Лиан Веилианг, потпретседателката на националната комисија за развој и реформа во кинеската економска планска агенција.

Засега сето ова функционира како пилот-проект од 2015 година, од кога осум компании добија лиценца за бодување, но без национален систем, вршејќи бодување само во специјални индустриски сектори. Владата ги следи будно и ја надгледува нивната работа и во 2020 сето ова би требало да биде задолжително и да се официјализира. 

Системот на бодување веќе функционира кај граѓаните како на пример во патувањето, каде што не може да купите билет за воз ако сте правеле метеж и застој. Се проверува дали редовно граѓаните ги плаќаат своите сметки, ратите од кредити, дали поминуваат многу време на социјалните мрежи, какви содржини објавуваат. Во Шангај се казнува со одземање бодови неправилно преминување на улица, непосетување на старите родители, несовесно постапување со отпадот.....

Проблем претставува тоа што системот е централизиран и би бил атрактивна мета за хакерите, кои би можеле да влезат во податоците и истите да ги менуваат.



Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот