Со европски пари ќе се менува ликот на 10 железнички станици
Објавено во: Македонија 01 Април, 2013
Според најавите на министерот за трaнспорт и врски Миле Јанакиески, до крајот на годинава или најдоцна на почетокот на следната целосно ќе бидат реновирани 10 руинирани железнички станици во Македонија. Освен Железничката станица во Велес, нов лик ќе добијат и станиците во Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.
„Проектите се целосно изработени и се прави ревизија, а во мај годинава, документцијата ќе се достави до ЕУ бидејќи реновирањето на овие железнички станици ќе се финансира со средства од европските фондови. Кон крајот на мај и почетокот на јуни се надевам дека ќе почне и постапка за избор на градежна компанија, која ќе ги изведува работите. Воедно, сме во постапка за избор на изведувач за реновирање на железничката станица во Скопје“, изјави денеска Министерот Јанакиески за време на посетата на железничката станица во Велес.
Јанакиески информираше и дека Владата, односно Европската банка ангажирала консултант, кој прави целосна ревизија на целокупната тендерска документација за набавка на 150 товарни и шест патнички вагони. Очекуваат за три месеци да почне постапката за избор на компанија која ќе ги доставува вагоните, најдоцна во рок од 24 месеци.
ФОТО: build.mk
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.