07 Мај, 2024
0.0253

СО ЈУГО ТЕМПО ПРОТИВ МАФИЈАТА: Што поседува Љубомир Јовески, најсериозниот кандидат за Јавен Обвинител?

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Двајца кандидати во трка за јавен обвинител. Елена Андреева и Љупчо Јовески добија зелено светло од советот на Јавни Обвинители.

Мислењето е доставено до Владата, која може најскорo, можеби и следната недела да го утврди кандидатот за Јавен Обвинител на седница и да го достави на гласање во Собранието. 

Според сите очекувања нов Јавен Обвинител ќе биде Љубомир Јовески, бидејќи е кадар од обвинителството, на што инсистираа и странците, а освен тоа е доволно искусен да не подлегне на некакви притисоци. И Андреева има завидна кариера, но нејзината пред се се врзува со универзитетот, па оттаму упатените сметаат дека таа тешко да стаса до обвинителското столче.

Фактор ѕирна во имотната состојба на најсериозниот кандидат, Јовески (за Андрееска нема податоци), за да види од каква позиција можеби идниот обвинител, ќе бие битка со криминалниот октопод во земјава.

Од она што може да се забележи е дека неговата имотна состојба е „скромна“, за човек со сјајна кариера. Јовески поседува еден стан, едно возило Рено Меган, па дури и едно Југо од 1998 година. Ниту неговите заштеди не се импозантни, а на кредитна картичка должи 150 000 денари.

Се очекува Јовески или Андрееска да бидат избрани во текот на месецов а пред нив има исклучително тешки задачи, бидејќи според сите најави ЈО ќе преземе и дел од работите на СЈО, односно оние за кои СЈО не може по закон да поднесува обвиненија.


Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден