Со колективен договор се регулираат правата на македонските војници
Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2013
По седум години откако истекоа претходните договори, со нов колективен договор се уредуваат правата на вработените во македонската Армија и во Министерството за одбрана.Договорот денеска го потпишаа Министерот за одбрана Талат Џафери и претседателот на синдикатот на одбраната и безбедноста Ристо Ајтов. Во него влегоа повеќе одредби за правата на работниците, осигурување, плата, нивно информирање, синдикално организирање, престанок на работен однос и слично.
Според Џафери истакна дека целта е на договорот е подобрување на правата на вработените во овој сектор.
„Министерството посветува големо внимание на правата на вработените, но во континуитет се работи и на унапредување на условите за работа како предуслов за поголема мотивираност, ефикасност во извршвуањето на сите работни обврски и надлежности“, изјави Џафери.
За Ајтов , пак ова било еден од приоритетните цели на синдикатот.
„Воведовме прв пат слободен платен работен ден за сите родители кои имаат на 1 септември запишување на прваче. Во однос на исплаќањето надоместоците е зајакната законската рамка, така што ако не бидат испочитувани временските рокови, вработените имаат правна заштита“, истакна Ајтов кој на Џафери му додели плакета за придонес во јакнењето на социјалниот дијалог меѓу МО и Синдикатот за обрана и безбедност.
Џафери информираше и дека униформата за АРМ предвидена за оваа година е во завршна фаза, дел од опремата стигнала до војниците, а до почетокот на септември ќе се очекува да се заокружи вкупниот предвиден број униформи .