26 Април, 2024
0.0308

Една година „Пиксел груп“: Нова инвестиција за зголемување на производствениот капацитет

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Пиксел Гроуп ги исполни плановите и ветувањата дадени на отварањето на фабриката. За периодот од една година компанијата стана производител број 1 во регионот на монокристални и поликристални фотоволтаични модули со највисок квалитет.

Супериорниот квалитот на целокупниот асортиман на производи е потврден со TUV SAAR сертификат, најстрог и најрелевантен сертификат за квалитет на производите во индустријата. Дополнително производите се стекнаа и со сертификати за исполнување на меѓународните стандарди  за квалификација на дизајн и одобрување на видот ЕN 61215:2005  - EN 61215:2010; како и со сертификати за безбедност на фотоволтаичните модули IEC 61730-1:2006, IDT; EN IEC 61730 – 1: 2018, IDT; IEC 61730 – 2: 2004, IDT; EN IEC 61730-2: 2008, IDT.

Производствениот процес ги исполнува најстрогите критериуми за организација и контрола на квалитетот потврдени преку ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; BS OHSAS 18001:2007 издадени од TUV NORD CERT.

Со најновата инвестиција од 200.000 евра производствениот капацитет на фабриката на годишно ниво е зголемен од почетното ниво на 55 MW годишно производство, со што компанијата во целост и во секое време може да одговори на барањата на купувачите од земјата, регионот и пошироко.

Високиот квалитет на производите се потврдува и преку продажните резултати, при што во текот на една година фотоволтаичните модули на компанијата се инсталирани на 120 соларни централи со различна моќност за производство на електрична енергија. 

“Горди сме што реномирани компании како Витаминка Прилеп, Макпрогрес Винчини, Адора, Ариље Метал, Мак Тоис, Ларс, ФФМ, Агрогама и уште 108 училишта и градинки во 34 општини во Република Северна Македонија произведуваат електрична енергија од сонцето со помош на нашите фотоволтаични модули“, изјави Директорот на Пиксел Гроуп, Горанчо Паунов.

Успехот на компанијата пред се се должи на нашите вработени, млади и високостручни електро и машински инженери и електротехничари кои поминаа низа врвни обуки за управување со најсовремената производствена опрема. Во компанијата се ангажирани и реномирани домашните и странски експерти кои работата на усовршување на постојните и иновирање на нови производи.

Најсовремената технологија со која располагаме ја направивме достапна на голем број средни училишта и универзитети чии ученици и студенти имаат можност своите теориски знаења практично да ги  видат во нашата компанија. Среќни сме што во изминатиот период голем број студенти од електротехничкиот и машинскиот факултет својата пракса ја поминаа токму во нашата компанија. Ова е наш скромен продонес кон унапредувањето на образовниот процес и креирањето на нова генерација високо стручни кадри , но и  воопшто граѓани кои преку производството на чиста енергија ќе ја унапредат нашата економија и животна средина.

Пиксел Гроуп основана во 2018 година е високо технолошка компанија за производство и развој на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули. Прва компанија од овој тип отворена во Северна Македонија со годишен капацитет на производство од 55 MW (мегавати) на монокристални и поликристални соларни модули.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“