05 Мај, 2024
0.0279

Со новата LTE напредна технологија, Неотел овозможува поквалитетен и побрз интернет

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Со последните инвестиции во сопствената инфраструктура, Неотел ја воведе LTE напредната технологија од последната генерација и со тоа на корисниците им овозможи многу поквалитетен и побрз интернет. Дополнителна поволност е тоа што компанијата оваа услуга ја направи достапна по многу поволна цена. Сите нови пакети на новата LTE мрежа сега се достапни со специјална промотивна понуда од 50% попуст на претплатата во првите 3 месеци. Покрај склучениот договор на 2 години, корисниците ќе може да ја тестираат услугата и доколку не се задоволни во првиот месец да го раскинат договорот без пенали.


Оваа технологија на Неотел, вклучена во новото портфолио пакети за домашни корисници (Net 20, Net 30, neoTrio 20), сега носи многу побрз и поголем трансфер на податоци, што веќе станува приоритет при изборот на оператор. Со брзината на интернет сообраќајот, LTE технологијата претставува нова фаза во безжичната мрежа која се користи како пристап до корисниците. Ова е надградба на претходната WiMax технологија која постепено ќе се исфрла од употреба. Повеќе информации за достапни на следниот линк.

Голема предност на оваа безжична услуга е едноставната и брза самоинсталација на опремата со оглед на тоа што корисникот може веднаш да почне со користење на услугата откако ќе склучи договор. Покрај значително подобрените перформанси, како што се брзината и капацитетот, благодарение на добрата техничка поддршка на Неотел, сите корисници без разлика дали се наоѓаат во урбаните или рурални средини имаат можност да ја користат новата мрежа. Моментално територијата на Скопје е целосно покриена со новата безжична мрежа, а  надградбата етапно ќе продолжи и во останатите градови од државата.


Терминот LTE (Long Term Evolution) или во превод долгорочна еволуција, често се користи како синоним за четврта генерација во мобилната телефонија која овозможува голема брзина при пренос на податоци на мобилните телефони, таблети и други преносни уреди кои имаат вградено антена за ваквата технологија. Тоа што LTE технологијата ја прави поразлична од претходните генерации е брзината на пренос на податоци, која во однос со третата генерација е четири до пет пати поголема.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото