04 Мај, 2024
0.0248

Со паметните телефони, работниците не се раат ни после работа

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Новото истражување, објавено во ''Журнал оф окупејшанал хелт сајколоџи", покажува дека добивањето и праќањето пораки по работното време е штетно за психата.Особено подложни на стрес се оние работници од кои се очекува да бидат достапни вон работното време.

Истражувањето е направено од психолози од Универзитетот во Хамбург, каде испитале 132 вработени во 13 компании. На испитаниците им било мерено и нивото на кортизол, хормон кој се излачува како реакција на стресни ситуации.

Резултатите покажале дека во ситуациите кога од вработените се очекувало да бидат достапни, кај нив имало покачено ниво на кортизол и рекле оти се под стрес.

,,Комбинација од вашиот смартфон и културата што сe повеќе ги замаглува границите меѓу времето за работа и за одмор. Во денешната работна средина комуникацијата и достапноста поврзани со работата надвор од работното време се поврзани со влошување на општата здравствена и душевна состојба", велат авторите на истражувањето.