Со поддршка од „Philip Morris International“, Тутунски комбинат Прилеп започнува со модернизација на производството
Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2015
Philip Morris International (PMI) и Тутунскиот комбинат Прилеп (ТКП) продолжуваат со процесот на модернизација за зголемување на конзистентноста и квалитетот на производството во фабриката во Прилеп. Дополнувањето на производниот капацитет со две нови машини од PMI е уште еден доказ за успешната соработка помеѓу PMI и ТКП, по потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство, а потоа и формирањето на заедничката компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје (ПМТКП) пред десет месеци.
„По започнувањето на првото производство на еден од меѓународните брендови на PMI „Бонд Стрит“ (меко пакување) во Прилеп, продолживме со голема брзина да ја унапредуваме соработката помеѓу техничките тимови на Филип Морис и ТКП. Чекорите што ги преземавме за уште поголемо подобрување на производствените капацитети на ТКП, веќе почнаа да даваат видливи резултати. Денес, со пуштање во употреба на две PMI машини кои се инсталирани во фабриката во Прилеп, започнуваме да градиме основа за ново производство и развивање на комерцијални можности за ТКП и за ПМТКП. Ова ќе ни овозможи да ја позиционираме компанијата ПМТКП како лидер во иновацијата на производи. Новите машини ја покажуваат силната посветеност на Филип Морис за успех на ова партнерство, како и за целосната инвестициска клима во Македонија. Ми претставува особено задоволство да кажам дека како што нашето партнерство ќе се движи понатаму, така ќе продолжиме да носиме и уште многу слични, позитивни вести “, изјави г. Емре Козлу, Генерален менаџер на ПМТКП.