Со секого ќе подадеме рака, само ДУИ да оди во опозиција, вели Касами
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019
Ниту пред, ниту после избори, односно во ниту еден момент движењето Беса нема да коалицира со ДУИ, бидејќи сметаме дека е крајно време ДУИ да замине во опозиција, да се реформира, да се преструктуира и со нова енергија да се врати на политичката сцена.
Ова денеска го изјави Билал Касами, претседател на Беса, во интервју за телевизијата Алсат-М.
„Затоа сметаме дека најмалку четири години таа треба да биде во опозиција. Ние како Движење Беса сакаме да го мобилизираме целиот опозициски спектар, не само партискиот, за кај Албанците во Македонија да дојдат промени кон подобро“, рече Касами.
На прашањето дали ќе соработуваат со Алтернатива и што има ново во однос на коалицијата со опозициските партии, тој со следниов одговор.
„Секако дека во опозицискиот спектар се две партии, Движењето Беса и Алијанса за Албанците. Ние го кажавме нашиот став и сме сигурни дека овие две опозициски партии имаат капацитет и потенцијал да бидат победници на следните избори. Потоа има многу други опозициски сили, интелектуалци, дијаспората, професори и многу експерти кои се добредојдени да и се приклучат на опозицијата. Секако, кога ќе дојде моментот, ако ние како опозициски фактор би барале поголема сигурност, ние ќе бидеме подготвени да подадеме рака на соработка за секого, само ДУИ да замине во опозиција. Ова нема врска со нешто што би значело дека ние го мразиме ДУИ, туку едноставно, сметаме дека е дојдено време ДУИ да биде во опозиција и Албанците во институциите на ова држава да бидат застапени достоинствено како што заслужуваат“, нагласи Касами.