Со влезот на Opel во PSA Group се создаде нов европски џин
Објавено во: Економија 01 Август, 2017
Комплетиран е договорот за преминување на Opel од американски Ford во француската корпорација PSA Group за 2,2 милијарди евра. Со овој потег се формира нов европски џин, потенцираше Карлос Таварес претседавачот на PSA групацијата која веќе управува со брендовите Peugeot, DS и Citroen.
Главната причина поради која Ford се реши да се откаже од Opel се загубите од продажбата и непрофитабилноста, а во пакет оди и британскиот автомобилски бренд Vauxhall со дел од производните линии во PSA Group.
На овој начин PSA Group ќе прерасне во втора по големина автомобилска корпорација чија главна цел е да доминира на пазарот во категоријата на помали економични возила кои се идеални пред се за европските купувачи.
Исто така PSA Group планира да ја зголеми својата економија на обем, односно ќе има многу поевтино и попродуктивно производство на повеќе серии на автомобили.
Заедно со Peugeot 208 и Citroen C3 ќе се произведува и новата Opel Corsa, па така амбицијата е да се стигне до бројка од 5 милиони произведени возила со што силно ќе се конкурира и со понудата и со цената на пазарот.
General Motors инаку се повлекува од Европа каде не бил профитабилен од далечната 1999 година, но во европските фабрики на Opel ќе се произведуваат моделите на Buick.