17 Јануари, 2025
0.0282

Собирање и трошење на „Мој клуб“ поени на „Т“ брендот, во над 250 продажни места низ Македонија

Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Од денес, проширена е „Мој Клуб“ – најголемата програма за лојалност на „Т-Home“ и „Т-Mobile“, во над 250 продажни места низ Македонија. Оваа програма значи дополнителни поволности за корисниците на „Т“ брендот.

Отсега, освен поените собрани преку користење на услугите на „Т-Mobile“ и „Т-Home“, со секое купување во партнерската мрежа, корисникот ќе може да собира Мој клуб поени, но и да купува со нив во која било од продавниците на партнерите.

Партнери на „Т“ брендот се: Тинекс, Космо, Нептун, сите продажни места на Fashion Group, како и туристичката агенција Travel Solution.

Оваа нова поволност сега важи за сите пост пејд и припејд корисници, физички лица и компании, кои имаат „Т-Mobile“ број.

„Направиме суштинска разлика на пазарот. Денес ја проширивме програмата и од компаниска ја направивме национална. Заедно со нашите партнери воведуваме комплетно ново искуство, дополнителни вредности и секојдневно работиме на зачувување и наградување на корисничката доверба. Целта на оваа програма и ваквото обединување на успешни брендови во Македонија е да се овозможи дополнителна придобивка и да се обезбедат задоволни крајни корисници”.  – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија.

Собирањето поени во Мој Клуб е едноставно и брзо и важи за секој тип на плаќање. Поените се собираат при плаќање сметка на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Т-Mobile корисникот треба да се јави на бесплатниот број 180, со приближување на телефонот до терминалот да му се евидентираат поените и на крајот да ја земе потврдата со бројот на доделени поени на корисничкото салдо. Корисникот ќе има можност, преку MyT-Mobile, во секој момент да го следи своето салдо со поени и да планира каде сака и може да ги потроши.

Главниот директор на Македонски Телеком АД – Скопје, Тило Куш, додаде дека креирањето на ваквите кориснички поволности е она што го прави Т брендот не само технолошки лидер, но и вистински иноватор на процеси и модели и со тоа го ставаат пред било кој друг конкурент на пазарот.

Повеќе информации за Мој клуб програмата, како и за собирање и купување со поени во партнерската мрежа може да се најдат на www.t-mobile.com.mk, на бесплатниот телефонскиот број 122 и во продажните места на партнерите.

Можеби ќе ве интересира

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика