01 Мај, 2024
0.0279

Социјалистичката партија бара 200 милиони денари за „домче“ во Тафталиџе, Јакимовски вели нема да има петкатница

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Социјалистичка партија на Македонија (СПМ) ја тужи општина Карпош и од неа бара отштета од 200 милиони денари за објектот кај таканареченото „домче“ кое се наоѓа во населбата Тафталиџе 1, вели денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој во интервју објаснува каква е ситуацијата со овој објект откако пред неколку дена имаше реакција од староседелци кои побараа да се врати првичната намена на објектот кој на времето беше Месна заедница на Тафталиџе. Според ДУП-от на ова место требало да с егради петкатница и хотел, но Јакимовски денеска го демантира тоа.

„Јас одговорно ви тврдам дека ќе сторам се што можам и дека таму нема да има објект од П плус 5, вели Јакимовски.

Тој претходно објаснуваше дека ситуацијата со овој објект емногу специфична.

„Многу специфична е ситуацијата со поранешното домче. Сопственост е на СПМ, односно таму СПМ побарала градежна дозвола, мојот претходник го потпишал договорот за комуналии, платени се комуналиите, но дозволата не е издадена. Она што е најстрашно и парите за комуналии не се вратени. СПМ не тужи и бара оштета од 200 милиони денари. За жал не е преговарано на вештачењето ниту пак Карпош барал ново вештачење за да се демантира таа сума, вели Јакимовски.

Вели дека ќе постапува внимателн.

Поставен сум овде да не правиме штета. Инаку во 2000 година стигна известување дека објектот каде беше сместена Месната заедница е на СПМ. Документите беа во ред и докажуваа дека сопственоста е неприкосновена, но сепак на инсистирање на граѓаните на Тафталиџе јас поведов судски спор. Се договоривме да поведеме судски спор и најдовме адвокат кој го плаќаше општината и го изгубивме спорот, дури и на Врховен суд, вели Јакимовски.


Можеби ќе ве интересира

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок