17 Јануари, 2025
0.0375

Софтверска компанија „Seavus“ го купи едукативниот сектор на „Александрија“

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Најголемата македонска ИТ и софтверска компанија во Македонија „Seavus“ го купи најстариот домашен специјализиран центар за едукација и дообразба во ИТ секторот „Александрија“.

Со ова групацијата  „Seavus“, во чиј состав е и Seavus едукативниот и развоен центар (SEDC), ја зазеде лидерската позиција на македонскиот пазар за ИТ едукација, а се најавува и пробив на странски пазари. Согласно договорот што двете компании го потпишале во четвртокот во Скопје, „SEDC“ во целост го презема портфолиото, кадрите и програмите на „Александрија“. „SEDC“ е присутен на пазарот повеќе од три години и веќе се разви во препознатлив креатор на најсовремени програми и иновативна методологија за едукација на кадри барани од ИТ индустријата, додека „Александрија“ веќе 20 години развива генерации инженери преку специјализирани курсеви и обуки од областа на информатиката и мрежните технологии. На аквизицијата и’ претходела успешна соработка меѓу двете компании, а токму еден голем проект кој бил успешно реализиран минатата година, ги поттикнало компаниите да размислуваат да ги спојат силите, ресурсите и знаењето. „Александрија“ е препознатлива во креирањето кадри за мрежен администратор, мрежен техничар и мрежен дизајнер, додека „Seavus“ повеќе беше насочен кон креирање на програмери и дизајнери. Двете компании на оваа голема промена гледаат како на здрав чекор кон натамошниот напредок на македонскиот ИТ пазар кој ќе помогне во креирање и одржување на стандарди и кадри на светско ниво. Станува збор за еден од неколкуте случаи досега на преземање на македонска компанија од страна на друга домашна компанија. Планот за реализацијата на преземањето опфаќа и амбициозна стратегија за долгорочен раст и развој, при што се најавува проширување на досегашниот пакет курсеви и специјализирани академии, нови методологии на изучување, досега неприменувани на македонскиот пазар. Компаниите најавуваат дека за почеток ќе се концентрираат на домашниот пазар, при што истакнуваат дека 50 проценти од капацитетите за наредната студиска година веќе им се пополнети. Во иднина компаниите планираат да настапат и надвор од државата, за што ќе им послужат неколкуте канцеларии и претставништва на „Seavus“ ширум светот.        

Можеби ќе ве интересира

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика