03 Мај, 2024
0.0257

Солун денес ќе трепери од демонстрации: Протест и контра протест за Македонија

Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во 14 часот по локално време во Солун ќе се одржи долго најавуваниот протест против името Македонија.

„Македонија е Грција“ пишува на паното закачено од рано утрово над бината во центарот на грчкиот град кој денеска живее во ритамот на демонстрациите, со зголемено полициско присуство и поради протестот, но и поради контра-протестот што го организираат анархистички и левичарско ориентирани организации, јавува дописникот на МИА .

Според организаторите, јавува дописникот на МИА од Атина, се очекува да се соберат околу 30 илјади граѓани, кои со организиран превоз, со 500 автобуси од доцна синоќа, од цела Грција, пристигнуваат во Солун.

Организатори на собирот се грчки здруженија и организации од дијаспората, а имаат поддршка, меѓудругото, и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини. Преку протестот, бараат да не се користи терминот „Македонија“ во името на нашата земја.

Еден час порано, во 13 часот, левичарски движења и анархистички организации организираат контра протест во другиот дел од градот. Според објавените соопштенија на анархистички сајт, тие ќе се соберат против национализмот, затоа што, велат дека национализмот значи крв, насилство, војна и смрт, а „фашистите секаде во светот говорат ист јазик“.

Протестот во Солун денеска е главна и централна тема во Грција, дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, најавуваат дека во живо, на нивните сајтови, ќе го пренесуваат собирот, додека пак коментарите на грчките новинари се дека масовноста на протестот би можело да значи и порака до грчката влада во однос на преговорите за името.

Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија