Сонце со умерена облачност: Еве какви температури не очекуваат денеска
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019
Времето во земјава денес според синоптичарите ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од
југоисточен правец.
Попладне претежно во планиските региони ќе има
услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.
УВ индексот ќе биде 6.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 23 до 33 степени целзиусови.
И во среда се уште во попладневните часови ќе има услови за појава на
изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд. Веќе од
среда ќе има повеќе сочево време и ќе следува период на стабилно и
релативно топло време.