04 Мај, 2024
0.0250

Сопственик на ресторан вработил роботи за да заштеди

Објавено во: Стил 14 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Сопственик на ресторан за да заштеди, наместо луѓе вработил роботи и идејата на почеток изгледала како добра.

Често се зборува дека во иднина многу работи ќе ги вршат роботи. Се создава паника дека тоа ќе доведе до поголема сиромаштија и невработеност. Но, тоа е уште далеку од нас што го покажува и примерот од Кина. Таму ланец на ресторани одлучил во три ресторани наместо келнери да вработи роботи. По извесно време, иако мислел дека ќе заштеди, затворил два ресторани, а во третиот морал да вработи луѓе наместо роботи. Роботите не можеле да носат храна и порачки, а и често се расипувале. На крај се видело дека е поевтино да се вработат луѓе, отколку да се купуваат роботи кои чинат 7000 долари и често да се расипуваат.