06 Мај, 2024
0.0211

Состојка во циметот штити од рак на дебелото црево

Објавено во: Стил 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Циметот е третиот најраспространет зачин во целиот свет, а исто така е користен со векови како додаток на пијалоци, главни јадења или вечера.

Новото истражување покажува дека состојка во циметот може да го заштити човекот од развивање на рак на дебелото црево.

За лековитите својства на циметот се знае со години и се широко застапени во традиционалната медицина на голем број народи.

Циметот е антиоксиданс кој му помага на организмот да ги исфрли слободните радикали, а истовремено има и анти-воспалителни својства.

Многу години во источната медицина го користат циметот како средство за намалување на ризикот од срцеви заболувања, а на западот - се врзува најмногу со својството да се намали шеќерот во крвта во организмот.

Научниците од Универзитетот во Аризона од Институтот по фармација и рак ја разгледале врската помеѓу конзумирањето на цимет и развивање на рак на дебелото црево.

Тие утврдиле дека состојката во циметот - „cinnamaldehyde“ која го дава нејзинот специфичен вкус и мирис, е многу корисна за човечкиот организам.

cimet 1

Научниците го истражувале влијанието на циметот на глувци.

Резултатите биле категорични. Благодарение на канелените алдехид клетките, подложени на влијанието на канцероген, успеале да ги неутрализираат токсичните материи и да се обноват.

„Тоа е значително откритие, бидејќи ракот на дебелото црево е многу агресивен и се поврзува со погрешни предвидувања. Постои итна потреба од развивање на успешни стратегии за борба против оваа болест“, изјавил шефот на истражувањето.