03 Мај, 2024
0.0283

Сотирова-Бухова по истрагата за хорор-снимките од битолската болница: Тој период имаше многу починати, затоа лежеа заедно со живите

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ирина Сотирова-Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска пред медиумите рече дека е издадено решение по кое директорката на битолската болница мора да постапи веднаш и да го санира санитарниот чвор. 

Ваквиот епилог следува откако се појави фотографија во јавноста како во тоалет во близина на инфективното одделение во битолската болница е поставен чадор за да не протекуваат фекалии над пациентите.

- Во Битола епилогот е за 24 часа издавање решение по кое директорката мора да постапи веднаш. ДСЗИ уште минатата година го забрани за употреба тој санитарен чвор и со решение нареди реконструкција. Во меѓувреме заради напливот на пациенти, овој дел од болницата повторно е отворен за употреба, освен санитарниот чвор. Директорката сега постапува за санирање на истиот за обезбедување на санитарно-хигиенските услови, рече Бухова.

Истиот ден се појави и видео како во една иста просторија во битолската болница лежат заедно двајца починати пациенти и двајца кои примаат инфузија.

- Во однос на другиот дел од инспекциски надзор со видео исечоци за починати и примање инфузија во иста просторија, тоа е тријажен центар за суспектни со Ковид-19. Случката е во 16.30 часот на 22 ноември, имајќи го предвид билтенот. Во Битолската болница имаше 13 егзитирани пациенти, а капацитет од четворица. Поради динамиката за подигање на телата, имаше недостиг од простор. Наложено е директорката да ја прошири моргата. Поставени се паравани сега и почитувањето на правото на приватност на пациентите се почитува, реферираше Сотирова-Бухова.




Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите