28 Април, 2024
0.0296

Совети за превенција од заразни болести и заштита на животни при поплави

Објавено во: Македонија 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Покачувањето на водостоите на реките и нивното излевање создадоа големи проблеми. Токму затоа  Агенцијата за храна и ветеринарство советува како превентивно да се намалат ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење, но и за заштита на животните при поплави.

Како да се заштитите од заразните болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење?

-За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите.
– За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.
– Доколку постојат резерви вода, истата да не се употребува додека не се преврие (вриење најмалку 15 минути), или водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.
– Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна.
– Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде нема видливи промени на водата, се препорачува да се изврши нејзина превентивна дезинфекција.
– Редовно да се одржува хигиената на рацете со сапун или средство за дезинфекција, особено по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, особено по чистењето и пред подготовка на храна.
– Да се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.
– Целата храна која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува храната да се фрли.
– Да се дезинфицираат сите работни површини, како и приборот за готвење и јадење.
– Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.
– Подготвената храна да не се чува подолго од два часа на собна температура, односно истата треба да се чува на температура пониска од 10 степени Целзиусови.
– Да се избегнува контакт на сировата храна со термички обработената храна.
– Како дополнителни мерки препорачуваме храната темелно термички да се обработи, особено храната од животинско потекло, додека овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, сега дополнително да се измие во млака вода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.
– Малите деца се препорачува да се хранат со индустриски подготвена храна.

Постапки за заштита на животните за време на поплави

-Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.
-Сопствениците и одгледувачите на животни треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од надлежните органи за опасност од појава на поплави, за да можат навремено да ги извршат неопходните подготовки за заштита на животните.
-Основна работа е на животните да им се обезбеди соодветна храна, вода и засолниште.
-Доколку постои предупредување за поплава, ако има можност, животните пред надоаѓање на водата да се префрлат на безбедна локација
-Доколку во краток рок е потребно да се напушти местото на живеење, а не е можно да се понесат животните со себе, ако е можно животните треба да се префрлат на безбедно место. Ако се во штала и се држат врзани, животните треба да се одврзат и доколку постои можност, да се дислоцираат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал. Исто така, треба и да се отворат вратите од боксовите и шталите со што животните би имале шанса да побегнат.
Животните кои се држат на отворено исто така треба да се префрлат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал.
-Доколку е можно, храната треба да се складира и префрли на безбедно и суво место, по можност да се складира и свежа вода (во херметички затворени резервоари, цистерни, буриња итн.).
-Животните треба да бидат обележани согласно Законот за идентификација и регистрација, односно говедата, овците и козите и свињите со ушни маркици, а доколку се работи за животни кои немаат идентификација, сопственикот може привремено да ги обележи за да можат да се идентификуваат во случај да се изгубат.
-Фармскиот регистер и податоците за животните да се складираат на безбедно и суво место.
-Доколку се најдат животни во поплавени подрачја, со истите треба да се постапува внимателно, имајќи во предвид дека се вознемирени и исплашени.
Прво треба да се згрижат помладите животни. На истите треба што побрзо да им се обезбеди свежа и безбедна вода (доколку нема друга опција за безбедна вода, на животните може да им се даде да пијат дождовница).
Храната може да се даде во помала количина од вообичаената.
Одгледувачите треба да се обратат до екипите на терен кои ќе им дадат соодветни информации каде и како може да обезбедат свежа вода и соодветна храна.
На животните не треба да им се дава да пијат од поплавената вода.
-Доколку има ограничен извор на вода, на животните дневно треба да им се обезбеди следната количина на вода (во зависност од возраста, големината и продукцијата на животните):
– Говедо 30-50 литри
– Коњ 20-45 литри
– Свињи 4-12 литри
– Овци и кози 6 литри
– Живина 0.5 литри
-За да се намали жедтта, доколку има потреба, на животните треба да им се дава помала количина на храна, пресушување на млечните крави кои се во подоцнежна фаза на лактација итн.
-Одгледувачите треба да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а по потреба и за давање на ветеринарно медицинска грижа.
-Доколку животните не може да се сместат во шталите на истите треба да им се обезбеди соодветно засолниште со суви и безбедни лежишта. Животните таму треба да имаат пристап до свежа вода и храна.


Можеби ќе ве интересира

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин