СОВЕТИ ЗА РАБОТА кои никогаш НЕ ТРЕБА да ги послушате
Објавено во: Стил 18 Јули, 2016
Сите сакаат да даваат совети, меѓутоа кога се работи за вашата кариера бидете внимателни и немојте да примате совети од било кој. Бизнис инсајдер спроведе истражување и ги замоли своите читатели да им кажат кои се најлошите работни совети кои ги добиле во текот на кариерата.
Ова се совети кои на никој не му помогнале, а ако некогаш сте добиле барем еден од овие совети-игнорирајте го.
-„Немојте да прифаќате зголемување“.
Мора да признаете, овој совет сам по себе не звучи логично, но Треј Талеј вели како токму ова го советувал професор по макроекономија.
-„Следете ги своите соништа и се ќе се сложи“.
Овој совет најчесто го слушаме од родителите, но воедно е и еден од најлошите совети кои може да ги примите. Не можат сите да бидат Бил Гејтс или Ворен Бафет, и поставувањето на нереални очекувања би можело да ве чини добра шанса во иднина.
-„Прифатете ја работата поради искуство“.
Сакате да напредувате во кариерата, а прифаќањето на работа која не се вклопува во долгорочниот план не е најдобра тактика.
-„Жена си, мора да носиш сукња“.
Овој совет е далеку од вистината ...
-„Остани до пензија во истата компанија“.
Денес таквиот модел на кариера е мртов. Ако сакате да заработите повеќе, мора да барате нови прилики.
-„Проблемот сам ќе се реши“
Проблемите нема да исчезнат сами од себе. Разговарајте со колегите или шефот и решете ја состојбата.
-„Не ти треба искуство, ако имаш диплома“
Компаниите сакаат работници кои се способни и имаат искуства. Дипломата секогаш добро ќе ви дојде, не не гарантира дека ќе ја добиете работата.
-„Работи прекувремено“
Работата понекогаш ќе бара од вас да останете подолго на работното место, но ако ова ви стане навика, ќе бидете исцрпени и помалку продуктивни.
-„Прави се што ќе ти нареди шефот“
Взамено почитување мора да постои, но никогаш немојте да бидете марионета.