04 Мај, 2024
0.0285

Советничката Велковска: Советот на град Скопје е фарса

Објавено во: Македонија 26 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во 21 век одборите на јавните претпријатија доставуваат материјал до советниците на кој не може да му се направи OCR (овозможување да се пребарува по клучен збор). Немаме начин ние, советниците, да го анализираме ефективно материјалот, да ставиме забелешки/коментари на самиот текст, побрзо да најдеме одредена спорна формулација за време на дискусија по точката и сл.

Круцијални (и обемни) документи, како шестмесечни извештаи на јавни претпријатија, функционални анализи на јавни претпријатија, ни се доставуваат непосредно пред почеток на седница. Невозможно е во рок од 1 или 2 часа (најмногу) советник да ги проанализира документите, вкупно над 80 страници (!), да се консултира со експерти, да донесе објективен заклучок и со чиста совест да гласа?!

Стандардна практика е одлуките кои ни се доставуваат за измена и дополна на претходни одлуки/документи, да ни се доставуваат БЕЗ одлуката/документот кој би требало да ги заменат. Треба да се молиме, ние, советниците, по сектори да ја добиеме претходната одлука за да ја споредиме и да може да гласаме информирано. Овој начин на функционирање го сметам за свесно попречување на работата на советниците и намерно намалување на нивната ефективност.

На советничките прашања кои во согласност со член 42 став 1 од Деловникот на Советот ги имам поставено меѓу 2 седници не ми е одговорено од секторите за комунални работи и за урбанизам, ниту од в.д. директорката на Лајка речиси 30 дена и покрај потсетници!

Поради сите горенаведени груби и континуирани прекршувања на Деловникот, ДПМНЕ ја напуштија седницата денес. Јас решив да останам, но да не учествувам во работата, а само да го следам текот на седницата.

НИЕДЕН од советниците од владејачкото мнозинство не гласаше против или воздржан по НИЕДНА од точките на дневен ред. Само ЕДЕН од нив се јави за збор и тоа во обид да ја доодбрани одлуката од советникот на Беса кој единствено остана како опозиција на седницата и бараше образложение за 11 милиони и 350 илјади денари за информатичка опрема за Дрисла. Сите советници од владејачкото мнозинство здружено и еднодушно гласаа ЗА и „дебата“ по 16 точки, меѓу кои и извештаи од 6 јавни претпријатија (!), заврши за точно 65 минути. „Дискусијата“ по дневниот ред почна во 12 часот, а заврши во 13:05 ч. Приближно исто колку што траеше и дискусијата на само неколку советници од опозицијата кои зедоа збор процедурално, вклучително јас, да ги критикувам за мене неприфатливите методи на работа на Советот.

Владејачкото мнозинство изгласа двојно зголемување на вработувања во ЈУ Дом на културата Кочо Рацин. Изгласа зголемување наместо намалување на бројот на градската администрација. Изгласа зголемување на дел од цените на услугите на ЈП Улици и патишта и тоа за 50%. Владејачкото мнозинство едногласно усвои и функционална анализа на ЈП Паркови и зеленило која никој од тие што гласаше не ја ни прочита.

Доставив барање до кабинетот на Петре Шилегов и до сите советници, седниците на Советот кои и онака поради препораките за спречување на пандемијата се одржуваат на Zoom, да се пренесуваат во живо. Да види јавноста од прва рака како одговорно се трошат јавни пари и колку посветено работи владејачкото мнозинство во корист на граѓаните.“

Драгана Велковска
Активистка за заштита на животни и животна средина

Членка на Советот на Град Скопје


Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“