Добивај вести на Viber
И денешната едница на Советот на општина Центар беше прекината поради различните ставови и партиски препукувања меѓу советниците од власта и опозицијата.
Тие повторно ги вкрстија копјата поради 13. точка на дневниот ред која се однесува на одлуката за ставање вон сила на деталните урбанистички планови на централното градско подрачје.
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ побараа овие точки да се тргнат од дневен ред тврдејќи дека Советот нема ингеренции и дека за тоа ќе треба да се произнесе Уставниот суд.
Советниците од мнозинството пак тврдеа дека овие ДУП-ови кои се однесуваат на шпанските скали, паркот кај Бристол, површината спроти Бристол и зелената површина до новата зграда на МНР, претходно кога биле донесени не биле во согласност со Генералниот урбанистички план. По три часа жестока расправа советниците повторно останаа на своите ставови.
Седницата беше прекината поради технички грешки во документите.