СПАСОВСКИ: Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020
Премиерот Оливер Спасовски денеска преку пост на Фјесбук истакна дека датумот за изборите е завршена тема за Владата
– Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните, пишува Спасовски.