24 Септември, 2020
0.2525

Се бараат администраторите на „Јавна соба“, родители досега не пријавиле злоупотреба

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Откако случајот се откри во јавноста, Бирото за јавна безбедност покрена истрага, во која се очекува да се откријат администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, каде се објавувани интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.

Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група“, рече Спасовски. 

До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, вели дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.

„Се координираме со МВР и со МОН. Упатувам апел до сите родители  чии девојчиња се изложени,  да се обратат до Центрите за социјална работа, кои во соработка со МВР ќе постапуваат. Со МОН веќе договоривме стручните служби во училиштата да преземат мерки“, рече Шкриељ.

Треба да делуваме превентивно, а не само репресивно, дополни Спасовски, во врска со групата „Јавна соба“ преку која се разменувале порнографски содржини и кај малолетни девојчиња, а која ги вознемири родителите. 

„Кога зборувам превентивно, мислам сите заддно тоа да го направиме уште пред да се случи одреден настан, а не само кога ќе се случи. Тоа важи и за родителите, кои треба да знаат како децата да ги заштитат од социјалните мрежи, но и за образовните институции, тие доколку дознаат, веднаш да пријавуваат вакви случаи. Бидејќи, досега често се случувало во образовните институции да се знае за вакви појави, а да не се пријавува, па ние за тоа дознаваме од медиумите. Сите заедно да се бориме, и родителите, и семејствата и институциите“, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ испорача неколку барања до власта, а денес имаме 183 нови заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ испорача неколку барања до власта, а денес имаме 183 нови заразени

Мицкоски: Oпозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител

Мицкоски: Oпозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител

Дурловски: Ќе се борам за политички прогонуваните, македонскиот код е неуништлив

Дурловски: Ќе се борам за политички прогонуваните, македонскиот код е неуништлив

Николовска: Власта упатува порака дека ќе има прочистување на оние кои нема да работат по нивен налог

Николовска: Власта упатува порака дека ќе има прочистување на оние кои нема да работат по нивен налог

Нека го чествува кој сака, вели Пендаровски за Гоце Делчев

Нека го чествува кој сака, вели Пендаровски за Гоце Делчев

СПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА: Aдвокатот на тужените вели тоа било сарказам

СПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА: Aдвокатот на тужените вели тоа било сарказам

Расте бројот на заразени, а има и пет починати од коронавирусот

Расте бројот на заразени, а има и пет починати од коронавирусот

Љубе Бошкоски се чувствува добро: Примам терапија уште неколку дена

Љубе Бошкоски се чувствува добро: Примам терапија уште неколку дена

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии