Специјалци ги смирувале мигрантите кои се тепале во Обреновац
Објавено во: Балкан 10 Декември, 2017
Две групи на мигранти вчера во приемниот центар во српскиот град Обреновац се започнале масовна тепачка, а била нападната и полициската патрола која што требало да ги смирува.
Во Обреновац од Белград биле испратени и припадници на силите за брза реакција, како и жандармерија и возила на брза помош.
Според градоначалникот на Обреновац, Мирослав Чучковиќ тепачката почнала околу 21 часот, а на крајот виновниците биле спроведени од полицијата.
Засега нема информации за повредени и предизвикана штета.