12 Мај, 2024
0.0296

Според Тевдовски даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување, односно дека од годинава ќе плаќаат помалку даноци од лани. Ова во интервју за МТВ го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски кој посочи дека со реформата за најголем дел од населението стапката на персоналниот данок ќе остане 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи ослободувањето е зголемено од 7.500 на 8.000 денари.

- Нашето решение воведува даночно олеснување што значи дека за најголем дел од населението ќе остане да плаќа опо единствена стаопка од 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи се зголеми ослободувањето од 7.500 на 8.000 денари, или едноставно да кажам дека нема оптоварување на работниците на вработените кои работат во фирмите, туку дополнително даночно оптоварување има само на еден процент за лицата со највисок доход-вели Тевдовски.

Министерот за финансии посочува со реформата се правви и разлика помеѓу доход од труд и доход од капитал како што се дивиденди на пример.

-Просечната плата во Македонија е 24.000 денари. Дури и во секторот кој има највисоки плати, а тоа е ИТ секторот, платата е околу 1.000 евра, тоа значи дека за мнозинството вработени, вклучително и ИТ секторот тие ќе оданочувани кај персоналниот само по единствената стапка од 10%, а додека даночното ослободување го намалува даночното оптоварување, особено кај најниските плати.-вели Тевдовски.

Очекувањата на министерот за финансии за 2019 година се дека растот на економијата ќе биде посилен од претходната, како и дека ќе продолжи растот на платите. Тој очекува дека паралелно со тоа ќе имаме бенефити и од приближувањето до НАТО, бидејќи праксата на регионот на земјите покажала дека по членството, многукратно се зголемуваат странските директни инвестиции. Како пример Тевдовски ја наведе Бугарија, каде странските директни инвестиции се зголемени за три пати како процент од БДП пет години по членството во НАТО.

Тевдовски истакна дека годината која измина на Владата бил растот на платите и намалување на стапката на невработеност. Во полето највните финансии Министерството за финансии работело напорно на 10 системски реформи, кои значајно го подобруваат системот на јавните финансии.


Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска