Спроведувањето на референдум за смртната казна во Турција ќе биде раскинување со европските вредности
Објавено во: Свет 17 Април, 2017
Референдумот за враќање на смртната казна во Турција ќе претставува раскинување со европските вредности, предупреди француското претседателство.
„Организирањето на референдум за смртната казна очигледно ќе биде раскинување со вредностите и обврските од Турција, при нејзиното пристапување кон вишата европска институција, која го следи почитувањето на човековите права, Советот на Европа“, посочуваат од претседателството во Париз.
Се зема предвид коментарот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата додека земјата гласаше за контроверзните измени во уставот, кои ја прошируваат неговата власт. Во последниве месеци Ердоган даде да стане јасно дека ќе го поддржи обновувањето на смртната казна, ако овој чекор биде поддржан од Парламентот, кое покажа дека законот ќе биде доставен за разгледување по референдумот.
Турција ја укина смртната казна во 2004 како дел од напорите за пристапување кон ЕУ. Ердоган проговори за враќање на најтешката казна по минатогодишниот неуспешен обид за државен удар, истакнувајќи дека така ќе се даде правда за роднините на жртвите.
За да стапи во сила, закон проектот треба да биде потпишан од шефот на државата. Ердоган рече дека ќе го потпише "без двоумење".