Добивај вести на Viber
Министерката за енергија на Србија, Зорана Михајловиќ вели дека целта е Србија по 2020 година да стане извозник и регионален транзитен коридор за енергија и горива.
„Визијата е српската енергетика да стане вистински мотор за развој на земјата , така што ќе биде транзитен коридор и ќе ја искористи поволната географска позиција", рече Михајловиќ на расправата за финалниот нацрт на Енергетската стратегија за развој на Србија 2025 година со проекција до 2030.
Михајловиќ вели дека Србија треба да биде многу повеќе свртена кон енергетска и еколошка безбедност, и дека пред нив е изградба на нови хидроцентрали, термоцентрали, користење на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност .
Таа укажува дека Србија треба повеќе да се врти кон регионот и да се интегрира со околните земји низ врските за нафта и гас конекции, како што е гасоводот „Јужен тек“, „Ниш - Софија“, со нафтоводот што ги поврзува Романија и слични регионални проекти.
Србија има потенцијал и основа за спроведување на овие проекти, рече Михајловиќ , најавувајќи нови модели на финансирање на инфраструктурата , енергетиката и новите објекти.
Според министерот за енергетика , со стратегијата се предвидува Србија да мора да 2020, од обновливите извори да произведува околу 27 проценти од вкупната енергија, како и за девет отсто да ја зголеми својата енергетска ефикасност, како и да продолжи со либерализацијата на пазарот на електрична енергија и гас .