04 Мај, 2024
0.0270

Србија на картата на арапските пари

Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Никогаш не е лесно да се почне од нула. А кога почнеме да ги собираме резултатите или да береме плодови од некоја идна соработка со нови арапски „сојузници“ , тешко некој да може да прогнозира. Светот стана многу динамично место отколку што било кој можел да предвиди.

Дали Србија црта своја нова карта во арапскиот свет? И додека беше дел од Југославија, секогаш имаше добри политички и економски односи со арапските земји, од Либија, преку Египет, Сирија , до Ирак. До распадот на СФРЈ, Либија била една од најзначајните партнери на југословенските и српска економија. Во 70-ти и 80-тите години на 20 век домашните претпријатија реализирале големи инвестициони проекти во таа земја, а извозот во Либија до воведување санкции на Србија достигнуваше 200 милиони долари.

Само вредноста на инвестиционите проекти кои нивните претпријатија ги извеле е проценета на три милијарди долари. Пристаништето во Бенгази, тоа во Мисрати, седум рибарски пристаништа, рафинеријата  Рас Лануф, воената академија, недовршеното пристаниште во Триполи ...пренесува Спутник.рс во денешната анализа.

Распадот на Југославија значеше пресврт после кој повеќе ништо не беше исто. После 2 000 години, додуша, повторно се нормализирани односите, но на пример во 2010 вкупната размена со Либија била околу 150 милиони долари, од што нивниот извоз бил скромни седум милиони долари. Останатото било увоз, и тоа 99 отсто либиска нафта.

Слично било и со останатите „стари“ арапски сојузници. Прво повеќе немало српски економии на препознатливата арапска мапа, а тогаш благодарение на американската специјалност наречена „извоз на демократија“, на крилата на „арапската пролет“ практично исчезнале и самите држави. Некои уште крварат, а некои се уште се обидуваат да се „состават“.

„Затоа и не чуди што Србија почнала да ја „црта“ својата нова карта на арапскиот свет, кој веќе наголемо доби други координати. Така денес, Катар, земја со најголеми приходи на светот по глава на жител од 140 000 долари годишно, пред само 70 години беше едно од најсиромашните места на светот, британски протекторат кој живеел од риболов и продажба на бисерни школки. Додека не почнале да експлоатираат нафта, како и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Токму тоа се арапските земји на кои сметаат во идна економска соработка. И додека овие денови министерот за труд на Србија Расим Љајиќ се обидувал да воспостави нови мостови на економска соработка со Саудиска Арабија , катарскиот шеф на дипломатијата Мохамед бин Абдулрахман eл Тани во Белград порачува дека неговата држава е заинтересирана за соработка со нашиот јужен сосед во бројни области. Размената моментално е скромни седум-осум милони долари. Каде Катар со државниот Инвестицонен фонд, кој располага со 170 милијарди долари, може да биде партнер на Србија?

Повеќе за ова прочитајте овде.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни