Србија направи голем исчекор со изборот на Брнабиќ за премиер
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2017
Србија и покрај силните противења ја доби првата јавно декларирана припадничка на ЛГБТ заедницата која станала премиер не само на државата, туку и пошироко на Балканот.
Српското Собрание ја усвои програмата и ја избра новата влада на Србија на чело со премиерката Ана Брнабиќ со 157 гласови „За“ и 55 „Против“, јавуваат српските медиуми.
Седницата за избор на нова влада почна во средата кога мандаторката Ана Брнабиќ го изложи експозето и како главни приоритети на Владата ги изнела дигитализацијата, образованието, претприемништвото и продолжувањето на економските реформи.