Србија: Се самоуби бремена припадничка на Армијата
Објавено во: Балкан 23 Април, 2018
Трагедија во Србија. Србинка која била дел од Армијата се самоуби во петтиот месец од бременоста.
Се работи за 24-годишната Б.М, а според тоа што пишуваат српските медиуми таа се самоубила во својот дом иако била во петтиот месец во бременоста и во саботата требало да се мажи.
Таа се самоубила со карабин, во сопственост на нејзиниот невенчан сопруг, кој исто така е војник.