04 Мај, 2024
0.0255

Србија се закани дека ќе го апси Харадинај ако стапне во Прешево

Објавено во: Балкан 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

По пишувањата во медиумите дека косовскиот премиер, Рамуш Харадинај е поканет да го посети Прешево, остро реагираше српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Тој  дури се закани со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево.

„Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе биде уапсен,“- изјавил Стефановиќ за „Курир“.

Харадинај  тврди дека локалните власти на српската општина Медвеѓа го поканиле да го посети тоа место.

Тој истакна дека е спремен да ги посети и Прешево и Белград, но доколку биде поканет и ако неговата посета има протокол.

Во Белград, како што кажа, би ја претставувал „својата држава на некој меѓународен самит“, бидејќи смета дека „состаноците и меѓусебните средби со премиерите од регионот можат да придонесат на мирот и стабилноста, во овој случај на добрососедските односи меѓу двете земји Косово и Србија“.

Во Медвеѓа треба да се одржи традиционалната манифестација „Средби во родниот крај“, на која треба да учествуваат стотици Албанци од Медвеѓа и други општини од таканаречената Прешевска долина, од Косово, Албанија и Македонија, а покрај Харадинај поканети се и косовскиот претседател Хашим Тачи и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли.

За посетата на Прешево, Харадинај кажа дека тоа не зависи од неговата желба или волјата на Приштина, туку и од Белград.

Харадинај е обвинет од српските власти за воени злосторства за време на вооружаните судири на Косово во 1998 и 1999 година.

Франција на 4 јануари 2017 година врз основа на распишаната српска потерница го уапси Харадинај, но Апелацискиот суд во градот Колмар го одби барањето на Србија за негова екстрадиција. Потерниците за Харадинај и косовскиот претседател Хашим Тачи, кои ги распиша Србија, повеќе не постојат на листата на Интерпол, а според Стефановиќ тие се наоѓаат во базата на Интерпол, но не се видливи.

Своето доаѓање во Белград во април 2015 година го најави и сегашниот претседател на Косово, а тогаш министер за надворешни работи, Хашим Тачи. Српскиот министер Стефановиќ исто така се закани со негово апсење, доколку се обиде да дојде. Тачи на крајот го откажа учеството на форумот на кој беше поканет.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни